• понеделник, 23 декември 2024

Барселона должи 147 милиони евра за трансфери

Барселона должи 147 милиони евра за трансфери


Барселона, 16 октомври 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски гигант Барселона мора да исплати долг во износ од 147 милиони евра за реализирани трансфери, објави денеска весникот АС.
Според истиот извор, парите треба да им бидат исплатени на повеќе клубови.
Во наредните месеци Барселона треба да врати 45 милиони евра, а остатокот е предвиден за подоцнежен период.
Барселона за трансферот на Роберт Левандовски на Баерн Минхен му плати 45 милиони евра, а баварскиот клуб побарува уште 21 милион.
Меѓу клубовите на кои Барселона и должи пари следуваат Борусија Дортмунд (78.000 евра сега/78.000 подоцна), Легија Варшава (50.000/50.000), Лех Познањ (119.000/119.000), Делта Варшава (33,000/78.000), Жнич (113.000/133.000) и МКС Варшава (169.000/169.000). ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан