• вторник, 24 декември 2024

Багери Кани: Одговорот на Иран на атентатот на Ханије ќе се случи во вистинско време и во соодветна форма

Багери Кани: Одговорот на Иран на атентатот на Ханије ќе се случи во вистинско време и во соодветна форма

Техеран, 7 август 2024 (МИА) - Иранскиот одговор на атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран ќе се случи „во вистинско време и во соодветна форма“, изјави денеска вршителот на должноста министер за надворешни работи на Иран, Али Багери Кани.

Во писмената изјава тој нагласи дека Техеран нема друга опција освен да го искористи своето право да се брани и да се спротивстави на Израел.

Багери Кани наведе дека Техеран направил се за да избегне конфронтација во регионот. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан