• недела, 25 јануари 2026

Аугсбург го шокираше Баерн и му го нанесе првиот пораз

Аугсбург го шокираше Баерн и му го нанесе првиот пораз

 

Минхен, 24 јануари 2026 (МИА) – Фудбалерите на Аугсбург направија сензација во 19 коло од германската Бундеслига, совладувајќи го вечерва Баерн со 2-1 на „Алијанц Арена“ во Минхен, откако Баварците водеа до 75-та минута.

Баерн поведе во 23-та минута со голот на Јапонецот Хироки Ито и се чинеше дека сигурно оди кон својата 17-та победа оваа сезона во Бундеслигата.

Сепак, Аугсбург не се предаде и за тоа беше награден во последните 15 минути од натпреварот. Артур Чавес израмни во 75-та минута, а Хан Масенго во 81-та минута донесе голема победа на Аугсбург, кој му го нанесе првиот првенствен пораз на Баерн оваа сезона.

Баварците сè уште имаат голема предност, дури 11 бодови повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд, но и натпревар повеќе.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан