• вторник, 24 декември 2024

Атмосферска река ја зафати Калифорнија, предизвикани прекини на електричната енергија и поплави

Атмосферска река ја зафати Калифорнија, предизвикани прекини на електричната енергија и поплави

Лос Анџелес, 5 февруари 2024 (МИА) - Атмосферски речен феномен денеска помина низ јужна Калифорнија, предизвикувајќи поројни дождови, лизгање на земјиштето и поплави. Бурното време предизвика прекин на електричната енергија во американската сојузна држава.

Денеска беше издадено предупредување за поплави за 1,4 милиони жители на Холивуд и Беверли Хилс. Во неделата во Северна Калифорнија, во областа Сан Франциско, невремето со налети од речиси 130 километри на час поплави улици и урна дрвја и столбови за струја. Во градот Сан Хозе, итните служби спасија луѓе заглавени во нивните автомобили и евакуираа камп за бездомници лоциран покрај река.

Невремето потоа се префрли кон Јужна Калифорнија, каде властите предупредија за можно уништување и наредија евакуација на жителите во областите оштетени од неодамнешните шумски пожари, каде што постои зголемен ризик од лизгање на земјиштето.

Гувернерот Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во Лос Анџелес, Риверсајд, Сан Бернардино, Сан Диего, Санта Барбара и Вентура. Воспоставен е центар за брз одговор.

Од утрово повеќе од 543.000 домови низ Калифорнија се без струја. Во планинските предели се забележани обилни врнежи од снег, а на возачите им е препорачано да избегнуваат патување.

Атмосферските реки се долги, тесни појаси на водена пареа кои носат топла суптропска влага долж брегот на Тихиот Океан на САД. Тие носат огромни количества дожд и снег кога ќе стигнат на копно. паг/

Фото: ЕПА


 

 

 

Остани поврзан