• сабота, 14 февруари 2026

Атлетико Мадрид ја надигра Барселона за едно полувреме

Атлетико Мадрид ја надигра Барселона за едно полувреме

Мадрид, 13.февруари 2026 (МИА) – Екипата на Атлетико Мадрид во првото полуфинале од Кралскиот куп на домашен терен синоќа ја совлада Барселона со 4:0, а сите голови беа постигнати во првиот дел.

Атлетико поведе со автоголот на Ерик Гарсија во 6.минута, а во 14.та минута веќе беше 2:0 – стрелец беше Антоан Гризман. Новото засилување на Атлетико Адемола Лукман зголеми на 3:0 во 33.минута, додека конечните 4:0 ги постави Хулиен Алварез во 45+2 минута.

Реванш дуелот се игра на 3.март.

Во второто полуфинале Реал Сосиедад како гостин го совлада Атлетик Билбао со 1:0, а реваншот го играат на 4.март.

Финалето на Кралскиот куп се игра на 18.април. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан