• сабота, 21 декември 2024

Атлетико Мадрид и Лацио санкционирани од УЕФА поради расистичко или дискриминаторско однесување на нивните навивачи

Атлетико Мадрид и Лацио санкционирани од УЕФА поради расистичко или дискриминаторско однесување на нивните навивачи

Нион, 11 октомври 2024 (МИА) - Атлетико Мадрид и Лацио денеска се казнети од УЕФА поради расистичко или дискриминаторско однесување на нивните навивачи.

Шпанскиот тим е казнет со 30.000 евра и забрана за продажба на билети на навивачите за еден натпревар на гости во натпреварувањата на УЕФА. Последнава санкција е условена, но важи една година. Тоа е поради однесувањето на некои симпатизери на мечот со Бенфика во Лигата на шампионите.

Лацио е казнет со 45.000 евра, а делови од стадионот ќе бидат затворени поради „расистичко однесување“ на навивачите. Ова се случи за време на натпреварот од Лига Европа со Ница овој месец. Два дела од стадионот ќе бидат затворени за следниот домашен натпревар на римскиот тим во Лигата на Европа против Порто на 7 ноември. Клубот ќе биде под надзор една година со ризик од затворање на повеќе сектори. 

Покрај тоа, Лацио е казнет со 4.500 евра за огномет, 9.000 евра за фрлање предмети и 8.000 евра за блокирање на патеките од гледачите. дс

Фото: Архива 

Остани поврзан