АСЕАН повикува на целосно спроведување на прекинот на огнот во Газа
Куала Лумпур, 22 јануари 2025 (МИА) - Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во вторникот објави соопштение во кое го поздрави постигнувањето на прекин на огнот меѓу Израел и радикалната палестинска група Хамас во Појасот Газа, а истовремено повика на негово целосно спроведување.
Блокот го има предвид најмногу ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас, како и палестинските затвореници во Израел, се вели во соопштението на земјата претседавач, Малезија.
„Ние исто така повикуваме на целосна, безбедна, брза и транспарентна испорака на хуманитарна помош за Палестинците“, е уште еден главен акцент во декларацијата објавена денеска. зш/