Арне Слот со нов трансфер
- Шампионот на Премиер лигата Ливерпул е максимално активен овој преоден рок

Ливерпул, 21.јули 2025 (МИА) - Шампионот на Премиер лигата Ливерпул е максимално активен овој преоден рок. Освојувањето на 20.та титула во Англија на импресивен начин ги зголеми амбициите на Ливрепул и менаџерот Арне Слот. Основна цел е одбраната на титулата, а од страна на „црвените“ веќе има интерес за играчот на Олимпик Лион, белгискиот интернационалец Малик Фофана.
Последното ново име во таборот на „црвените“ е Уго Екитике, кој дојде од Ајнтрахт Франкфурт.
На почетокот на преодниот рок Ливерпул ги донесе: Флориан Вирц, Џереми Фримпонг и Милош Керекез, кои веќе се со клубот на подготовки. мн/
Фото: ЕПА