• понеделник, 23 декември 2024

Анчелоти сака да го продолжи договорот со Реал

Анчелоти сака да го продолжи договорот со Реал


Мадрид, 27 септември 2024 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти сака да го продолжи договорот со Кралскиот клуб по 2026 година, објавија шпанските медиуми.
Анчелоти (65) минатиот декември потпиша договор до крајот на сезоната 2025/26.
Според весникот АС, Анчелоти сака да остане во Реал и по 2026 година, под услов клубот да му понуди нов договор. Сепак, Анчелоти не прецизираше кога точно ќе ја заврши кариерата.
Шпанските медиуми претходно објавија дека Реал има намера да го замени Анчелоти на клупата со Чаби Алонсо, но оти тренерот на Баер Леверкузен би можел да преземе друг клуб, доколку челниците на мадридскиот клуб чекаат долго да го ангажираат. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан