• сабота, 23 ноември 2024

Антикорупциска отвори предмет за трансакциите од буџетските корисници кон Ејупи

Антикорупциска отвори предмет за трансакциите од буџетските корисници кон Ејупи
Скопје, 4 март 2022 (МИА) - Од Државната комисија за спречување на корупцијата за МИА потврдија дека од денеска отвораат предмет според допрен глас и ќе ги проверуваат податоците од институциите во врска со објавени информации дека на телевизиската презентерка Бесмира Ејупи ѝ биле извршени 39 трансакции од страна на буџетски корисници. Според она што беше објавено во некои медиуми, кон Ејупи се извршени 39 трансакции од страна на буџетски корисници, и тоа од Државното правобранителство и општините Сарај, Петровец, Чаир и Брвеница. цр/сп/

Остани поврзан