• сабота, 23 ноември 2024

Анкета: Рејтингот на Бајден и понатаму околу 40 проценти

Анкета: Рејтингот на Бајден и понатаму околу 40 проценти

Вашингтон, 12 јули 2023 (МИА) – Рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден на почетокот од месецот е околу 40 проценти, што е блиску до најниските нивоа откако тој стана шеф на државата, покажуваат резултатите од најновата анкета на Ројтерс/Ипсос.

Тридневната онлајн анкета, на која Американците одговараа дали го одобруваат начинот на кој Бајден ја извршува претседателската функција, покажува мал пад на позитивните одговори од претходниот месец, кога тие беа 41 отсто.

Најголем дел од испитаниците ја посочиле економијата на земјата како главен извор на загриженост, а за 15 проценти главен проблем се криминалот и корупцијата.

Рејтингот на Бајден е идентичен со оној на неговиот претходник Доналд Трамп во истата фаза од неговиот мандат.

Околу еднаков број испитаници ја поддржуваат и не ја одобруваат одлуката на Врховниот суд минатиот месец за укинување на програмата на Бајден за опростување на студентски заем, при што 49 отсто го одобруваат потегот, а 48 проценти се изјасниле против.

Шеесет проценти од испитаниците изјавиле дека ја поддржуваат одлуката на судот да им забрани на колеџите да ја земаат предвид расата при приемот на студенти.

Анкетата на Ројтерс/Ипсос беше спроведена онлајн на англиски јазик, при што беа испрашани 1.028 возрасни граѓани. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан