• среда, 25 декември 2024

Анкета на МЦМС: Ниска толеранција, висока неоправданост на семејното насилство и свест за сопствената одговорност кон животната средина

Анкета на МЦМС: Ниска толеранција, висока неоправданост на семејното насилство и свест за сопствената одговорност кон животната средина
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Нивото на толеранција во земјава е ниско, а тоа е особено видливо кога станува збор за пет категории луѓе. Имено, големо мнозинство граѓани не сакаат да имаат соседи кои се зависници од дрога (91 процент), зависници од алкохол (88,6 проценти), луѓе со криминално досие (82 проценти), припадници на ЛГБТИ заедницата (81 процент) и лица заболени од ХИВ (77 проценти).  Мнозински, односно над 50 проценти се и одговорите кои се однесуваат на Ромите, имигрантите, лицата со хендикеп и припадниците на субкултурните групи.  За граѓаните, помал проблем е ако соседите им се од друга вера, етничка припадност (освен Роми), друга политичка ориентација од нивната или невенчани парови кои живеа заедно, покажуваат резултатите на истражувањето на МЦМС „Толеранција и вредности на граѓаните“. Повеќе за наодите од истражувањето „Толеранција и вредности на граѓаните“ ви презентираме во соопштението за јавност што ви го испраќаме во прилог на оваа порака. Повеќе за наодите од истражувањето „Толеранција и вредности на граѓаните“ ви презентираме во соопштението за јавност што ви го испраќаме во прилог на оваа порака. Како што се наведува во соопштението од МЦМС, возрасните се потолерантни од младите. Меѓу испитаниците над 65 години и оние меѓу 18 и 29 години особено се видливи разликите во однос на Ромите, припадниците на друга вера, етничка припадност или политичка партија и се движат меѓу 22 и 32 процентни поени. Испитаниците биле прашани за оправданоста на некои појави за кои покрај законските ограничувања постојат и морални норми во општеството. Највисоки се бројките за неоправданост на семејното насилство, самоубиството, проституцијата и хомосексуалноста и се движат меѓу 87 проценти и 91 процент. За граѓаните, најмалку неоправдан е разводот каде се зголемила оправданоста во однос на 2010 година. Во поглед на тоа кој најмногу ги поддржува личните и потребите на заедницата, граѓаните имаат поделени мислења. Синдикатите се најпрепознаени, па речиси една четвртина сметаат дека тие даваат најголема поддршка и за нив лично и за заедницата. Секој петти граѓанин ги гледа политичките партии во улога на најголеми поддржувачи на потребите, лични и оние на заедницата. Речиси изедначена е перцепцијата за црквите и верските организации и граѓанските организации и се движи меѓу 15 и 17  проценти. Прашани и за односот кон природата и грижата за животната средина, речиси половина од граѓаните (49,5 проценти) велат дека загадениот воздух е најголем предизвик за животната средина. За околу една четвртина тоа е загадувањето на водите (реки, езера) и водата за пиење, а на трето место (18,1 процент) е загадувањето на почвите и депониите. Скоро половина ги посочиле граѓаните како најодговорни за состојбата со животната средина, а мало малцинство одговорноста ја гледаат кај државата и општините. За МЦМС анкетата ја спровела агенцијата М-Проспект во ноември 2021 година, на репрезентативен примерок од 1.007 испитаници. ев/лв/

Остани поврзан