АМСМ: Зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања на граничните премини
- -Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ

Скопје, 28 јули 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози.
Автомотосојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
-Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ
Автомотосојузот препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.
-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ. хс/
Фото: МИА архива