Поставена нова вертикална сигнализација за еднонасочен сообраќај на улицата „Белградска“ во Скопје
- Поставена нова вертикална сигнализација за еднонасочен сообраќај на улицата „Белградска“ во Скопје. Како што информираат од ЈП Улици и патишта, на сообраќајницата во насока од булевар „Мајка Тереза“ кон улицата „Димче Мирчев“, согласно основен сообраќаен проект, воведен е нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај.
Скопје, 13 октомври 2025 (МИА) – Поставена нова вертикална сигнализација за еднонасочен сообраќај на улицата „Белградска“ во Скопје. Како што информираат од ЈП Улици и патишта, на сообраќајницата во насока од булевар „Мајка Тереза“ кон улицата „Димче Мирчев“, согласно основен сообраќаен проект, воведен е нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај.
– Изминатиов викенд екипи на ЈП Улици и патишта на улица „Белградска" ја поставија новата вертикалната сигнализација за еднонасочен сообраќај. На оваа сообраќајница во насока од булевар „Мајка Тереза" кон улица „Димче Мирчев" согласно основен сообраќаен проект воведен е нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај, стои во соопштението.
ЈП Улици и патишта апелира до учесниците во сообраќајот да го почитуваат новото сообраќајно решение на оваа сообраќајница. ра/вг/
Фото: ЈП Улици и патишта