Аморим: Ја заслуживме победата против Лестер
- Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим е задоволен од изданието на неговите фудбалери на натпреварот со Лестер (3:0) во 29. коло од Премиер лигата.

Лечестер, 17 март 2025 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим е задоволен од изданието на неговите фудбалери на натпреварот со Лестер (3:0) во 29. коло од Премиер лигата.
- Мислам дека беше добро. Чувствував малку недостаток на енергија, но момците дадоа максимум. Некои играчи беа уморни, но мислам дека заслуживме да победиме. Ја контролиравме играта. Ова беше совршен начин да ја завршиме неделата со нашите навивачи кои дојдоа да не бодрат на гостински терен. Тие се неверојатни, изјави Аморим по натпреварот.
Манчестер јунајтед (37 бодови) се искачи на 13. место во Премиер лигата.
Лестер собра 17 бода и останува на претпоследното, 19. место на првенствената табела. зс/
Фото: ЕПА