Спалети ќе добие отказ од функцијата селектор на Италија
- Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, изјави дека претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, го известил за неговото отпуштање од функцијата.
Рим, 8 јуни 2025 (МИА) - Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, изјави дека претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, го известил за неговото отпуштање од функцијата.
- Разговаравме вчера вечерта и тој ме информираше дека ќе бидам разрешен од функцијата главен тренер на репрезентацијата. Многу ми е жал, но нема да се откажам. Би сакал да останам и да си ја работам работата, особено кога работите одат лошо, рече Спалети на прес-конференција.
Во петокот на 6 јуни, италијанската репрезентација претрпе убедлив пораз од Норвешка (0:3) во 3. коло од квалификацискиот турнир за Светското првенство во 2026 година.
Утре италијанската репрезентација ќе игра против Молдавија. Овој натпревар ќе биде последен за 66-годишниот Спалети како селектор на репрезентацијата.
Специјалистот ја предводи италијанската репрезентација од 2023 година. Пред тоа, работеше во Наполи, Интер, Рома, Зенит и други клубови. зс/
Фото: ЕПА