• четврток, 30 јануари 2025

Американскиот Сенат го потврди назначувањето на Скот Бесент за нов министер за финансии

Американскиот Сенат го потврди назначувањето на Скот Бесент за нов министер за финансии

Вашингтон, 28 јануари 2025 (МИА) - Американскиот Сенат го потврди Скот Бесeнт за министер за финансии во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Вчера, 68 сенатори гласаа за него, 29 против, а 16 демократи ја поддржаа номинацијата.

Бесeнт, кој има 62 години, веќе е застапник на економската агенда на Трамп, која се фокусира на намалување на даноците и наметнување високи тарифи за кои некои економисти велат дека би можеле да поништат дел од напредокот што Федералните резерви го постигнаа во контролирањето на инфлацијата, пренесува Гласот на Америка.

Како 79-ти секретар, Бесeнт ќе има влијание врз наплатата на даноците во САД и нејзиниот долг од 28 трилиони долари, со огромно влијание врз фискалната политика, финансиските регулативи, меѓународните санкции и странските инвестиции. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан