• вторник, 24 декември 2024

Американскиот претставник Хохштајн оди во Бејрут со цел намалување на тензиите меѓу Израел и Хезболах

Американскиот претставник Хохштајн оди во Бејрут со цел намалување на тензиите меѓу Израел и Хезболах

Бејрут, 14 август 2024 (МИА) - Американскиот специјален пратеник, Амос Хохштајн денеска треба да пристигне во Бејрут, според извори од либанската влада, во клучна посета за деескалација на тензиите меѓу Израел и либанското движење Хезболах, јави ДПА.

Во Бејрут, Хохштајн треба да се сретне со претседателот на Претставничкиот дом, Набих Бери, близок сојузник на Хезболах, и со премиерот Наџиб Микати.

Американскиот претставник со месеци се обидува да најде дипломатско решение меѓу Израел и Хезболах.

Проиранската организација Хезболах се заколна на одмазда откако Израел го уби својот воен командант Фуад Шукр во Бејрут пред две недели. Шукр беше убиен неколку часа пред Исмаил Ханија, шеф на палестинската милитантна група Хамас, да биде убиен во Техеран на 31 јули. Израел ја презеде одговорноста за нападот врз Шукр, но ниту ја потврди ниту негираше улогата во смртта на Ханије, наведува ДПА. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан