• среда, 05 февруари 2025

Американската поштенска служба не прима пакети од Кина и Хонг Конг

Американската поштенска служба не прима пакети од Кина и Хонг Конг

Вашингтон, 5 февруари 2025 (МИА) – Американската поштенска служба (УСПС) соопшти дека го суспендира прифаќањето на пакети од Кина и Хонг Конг до натамошно известување.

УСПС во соопштението не ја наведе причината за суспензијата.

Одлуката е донесена неколку дена откако претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша извршна наредба, со која се укинува регулативата со која се дозволува увоз на пакети вредни помалку од 800 долари без царини и инспекции. ми/

фото: УСПС лого

Остани поврзан