• вторник, 24 декември 2024

Американец уапсен во Франкфурт под сомнение дека шпионирал за Кина (ДПЛ)

Американец уапсен во Франкфурт под сомнение дека шпионирал за Кина (ДПЛ)

Берлин, 7 ноември 2024 (МИА) – Американски државјанин е уапсен во Франкфурт под сомнение за шпионажа за Кина, соопшти денеска Германското федерално обвинителство.

Уапсениот наводно нудел чувствителни информации од американската војска на кинеската разузнавачка служба. Тој до неодамна работел за американските вооружени сили во Германија, а на  почетокот на годината контактирал со кинески државни субјекти.

Судијата на Федералниот суд на правдата (БГХ) во Карлсруе се очекува во текот на денот да соопшти дали на американскиот државјанин ќе му биде одреден притвор. ми/

фото: МИА архова

Остани поврзан