• четврток, 26 декември 2024

Амбасадорот на САД во Грција: Американско – грчките односи ќе продолжат да се зајакнуваат

Амбасадорот на САД во Грција: Американско – грчките односи ќе продолжат да се зајакнуваат

Атина, 6 декември 2024 (МИА) – Верувам дека односите меѓу САД и Грција ќе продолжат да се зајакнуваат во длабочина и за време на претседателството на Трамп, посочи американскиот амбасадор во Атина Џорџ Цунис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.

Цунис посочи дека не може да одговори во однос на амбициите на претседателот Трамп, но нагласи дека „минатото е прилично точен водич“, објаснувајќи дека за време на минатото претседателство на новоизбраниот претседател односите со Грција, „се зајакнаа и продлабочија“.

-Сметам дека е одличен изборот на Марко Рубио за кандидат за државен секретар бидејќи многу добро го разбира регионот, како и важноста на билатералните односи САД – Грција. како и улогата на Грција во НАТО како стабилизирачки фактор во регионот. Затоа, верувам дека односите ќе продолжат да се зајакнуваат во длабочина, истакна Цунис.

Во интервјуто за ЕРТ, откри дека со претседателот во заминување Џо Бајден се пријатели веќе 20 години, коментирајќи дека беше „одличен претседател“.

- Го видов минатиот петок на вечера во Белата куќа, а по неговиот мандат како претседател, тој со нетрпение чека да отпатува во Грција и да помине некое време овде, откри амбасадорот на САД во Атина. ср/

Остани поврзан