• вторник, 24 декември 2024

Алстом ќе произведува возови за норвешкиот транспортер Норске Тог

Алстом ќе произведува возови за норвешкиот транспортер Норске Тог
Париз, 11 јануари 2022 (МИА) – Францускиот производител на брзи возови Алстом денеска потпиша договор вреден 1,8 милијарди евра со норвешкиот превозник Норске Тог за испорака на 200 приградски возови Корадиа Нордик. Алстом ќе ги произведува  возовите за Норск тог во германскиот град Салцгитер. Испораката на нови возови Класа 77 на Норске Тог е планирана за почетокот на 2025 година. Во првата фаза приградските возови, кои ќе можат да развиваат брзина до 160 километри на час, ќе сообраќаат помеѓу Ски и Стабек, на поширокото подрачје на Осло. Возовите ќе имаат по шест вагони во кои ќе можат да се превезуваат до 778 патници, со што транспортниот капацитет ќе биде зголемен за 40 проценти. Алстом досега има продадени 3.300 Корида возови ширум светот, а програмата вклучува и електрични и дизел возови, заедно со други иновативни решенија со нулта емисии на штетни гасови. ми/

Остани поврзан