• понеделник, 16 декември 2024

Алонсо пред дербито: Баерн секогаш е фаворит

Алонсо пред дербито: Баерн секогаш е фаворит

Минхен, 2 декември 2024 (МИА) - Баерн Минхен секогаш ќе биде фаворит, и покрај тоа што Баер Леверкузен оди во куп-натпреварот како носител на трофејот и шампион на германската Бундеслига, изјави тренерот на „аспирините“, Чаби Алонсо пред судирот меѓу двата тима. Баварците се домаќини на средбата која е закажана за вторник во 20:45 часот по наше време.

-Се чувствуваме како да сме во финалето. Нема потежок натпревар од оној на „Алијанц Арената“, бидејќи Баерн секогаш е фаворит. Нè чека многу, многу голем натпревар и во одлично расположение заминуваме за Минхен. Предизвикот е секако голем, изјави тренерот на Леверкузен, цитиран од германските медиуми.

Баер имаше тежок почеток на сезоната, но победи во последните три натпревари во сите натпреварувања. Тимот е без Виктор Бонифасис, Јонас Хофман и Амин Адли, но нема нови повреди.

Ќе стартува Флоријан Вирц, кој влезе како замена и асистираше за победничкиот гол против Унион Берлин во саботата.

-Тој е фудбалер кој може да ја направи разликата. Флоријан расте секој месец, додаде Алонсо. дс

Фото: Архива

Остани поврзан