Алкараз го победи Пол и избори полуфинале против Медведев на Вимблдон
- Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Американецот Томи Пол во денешното четвртфинале на Вимблдон со 3:1, по сетови 5:7, 6:4, 6:2 и 6:2.

Лондон, 9 јули 2024 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Американецот Томи Пол во денешното четвртфинале на Вимблдон со 3:1, по сетови 5:7, 6:4, 6:2 и 6:2.
Мечот траеше 3 часа и 14 минути.
Алкараз сервираше 7 аса, направи 2 двојни грешки и реализира 8 брејк топки од 28. Американецот имаше 2 директни сервиси, 2 двојни грешки и 4 конвертирани брејк топки од 10.
Шпанецот во полуфиналето ќе игра против Русинот Данил Медведев.
Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Лондон 63,5 долари. зс/
Фото: ЕПА