Алкалоид домаќин на Вардар во дербито на првото коло на новата ракометна сезона
- Во дербито на првото коло од македонската ракометна Супер лига сезона 2024/25 ќе се соочат Алкалоид и Вардар.

Скопје, 7 август 2024 (МИА) – Во дербито на првото коло од македонската ракометна Супер лига сезона 2024/25 ќе се соочат Алкалоид и Вардар.
Бранителот на шампионскиот трофеј Еурофарм Пелистер во првото коло ќе гостува во Кавадарци кај Тиквеш.
Двојки за 1.коло:
Алкалоид – Вардар
Радовиш – Охрид
Бутел Скопје – Куманово
Прилеп – Пролет
Тиквеш – Еурофарм Пелистер
Струга – Бисинов
Натпреварите ќе се играат 7/8 август. зс/
Фото: РФМ