Алегри бара клуб со амбиции
- Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилијано Алегри е подготвен да се врати на работа.

Рим, 6 јули 2020 (МИА) - Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилијано Алегри е подготвен да се врати на работа.
Педесет и двегодишниот специјалист го напушти клубот од Торино во јуни 2019 година и оттогаш е без ангажман.
- Се одморив, ги наполнив батериите и останав со семејството во Ливорно. Без разлика каде, јас барам клуб кој има големи натпреварувачки и победнички амбиции, изјави Алегри.
На прашањето дали би прифатил тим од Шампионат на Шпанија, италијанскиот фудбаски стручњак со одговор: „А кој ќе одговори со НЕ на ова прашање“.
Претходно беше објавено дека за Алегри се заинтересирани Пари Сен-Жермен и Манчестер јунајтед. зс/