• сабота, 20 јули 2024

Алваро Мората е нов играч на Милан

Алваро Мората е нов играч на Милан

Милано, 19 јули 2024 (МИА) - Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација Алваро Мората е нов играч на Милан, објави славниот италијански клуб.

Мората пристигнува на „Сан Сиро“ по освоената титула европски првак, на покана на Златан Ибрахимовиќ, откако потпиша договор на четири години и ќе го носи бројот „седум“.

Мората има 31 година, кариерата ја започна во Атлетико, а потоа играше за Реал Мадрид, Јувентус и Челси, за да се врати кај „црвено-белите“ од Мадрид во 2019 година.

За Шпанија одигра 80 натпревари и постигна 36 гола. дс

Фото: Х/Милан

Остани поврзан