• среда, 27 ноември 2024

Албанија со нова еврообврзница од 650 милиони евра

Албанија со нова еврообврзница од 650 милиони евра
Тирана,10 јуни 2020 (МИА) - Албанската Влада ја издаде новата еврообврзница, со која ќе се задолжи за 650 милиони евра, а сртедствата ќе бидат наменети за заживување на економијата. Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер напиша дека Албанија е „позитивно оценета на меѓународните пазари каде е издадена еврообврзницата“. Според него одговорот за еврообврзницата во превод на албански јазик значи: Ние веруваме во Албанија и во книгата на нејзините сметки! Во својот пост на социјалните мрежи, премиерот ја напаѓа и опозицијата, која според него не знае како да ужива во доброто на оваа земја“. Лидерот на најголемата опозициск Демократската партија, Љуљзим Баша на Твитер му возврати на Рама, пишувајќи дека „Албанија тоне во долгови, а тој се фали дека зема нов долг и се гордее што се задолжува“. Албанскиот Парламент на пленарна седница на 4 јуни го поддржа барањето на Владата за ново задолжување, по што побара согласност од шефот на државата,Илир Мета, кој првично се спротивстави, но потоа даде согласност и одлуката беше објавена во Службен весник на Република Албанија. Ова е четвртта еворобврзница со која се задолжува Владата во Тирана. Првпат тоа беше во 2010 година кога позајми 300 милиони евра, вторпат во 2015 година кога Албанија позајми 450 милиони со камата од 5,75 проценти, а која треба да ја подмири годинава. Последен пат се задолжи во 2017 година со 500 милиони евра со каматна стапка од 3,55 проценти и рок на враќање пет години. вт/ми/

Остани поврзан