Алаба неизвесен за реваншот на Реал против Манчестер сити
- Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба најверојатно ќе го пропушти реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер сити, објави „Марка“.
![Алаба неизвесен за реваншот на Реал против Манчестер сити](https://mia.mk/index.php/images/20221113122436_big_730x400_3.webp )
Мадрид, 3 мај 2022 (МИА) - Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба најверојатно ќе го пропушти реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер сити, објави „Марка“.
Според шпанскиот спортски весник, 29-годишниот фудбалер го пропушти последниот тренинг на Мадрид. Постои можност поради повреда да не може да учествува на натпреварот со англискиот првак.
Реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите Реал – Манчестер сити ќе се одржи утре, 4 мај, на „Сантијаго Бернабеу“. Средбата започнува во 21 часот. Првиот натпревар Сити го доби со 4:3.
Вечерва од 21 часот се игра првото полуфинале. Во него ќе се соочат Виљареал и Ливерпул. Првиот меч го доби англискиот претставник со 2:0. зс/