• сабота, 23 ноември 2024

Акропол добива ново осветлување

Акропол добива ново осветлување
Атина, 30 септември 2020 (МИА) – Во присуство на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, премиерот Кирјакос Мицотакис, министерката за култура Лина Мендони и претседателот на Фондацијата „Оназис“, Андонис Пападимитриу вечерва ќе биде презентирано новото осветлување на Акропол,  јави дописничката на МИА од Атина. Со надграденото осветлување, донација од Фондацијата „Оназис“, опфатени се деветте точки кои и досега имаа осветлување, но и пет други споменици кои за првпат ќе бидат осветлени. Од Министерството за култура на Грција соопштуваат дека новото осветлување во бели нијанси ги потенцира архитектонски елементи на надворешните и внатрешните делови на спомениците, а паралелно ја намалува појавата на светлинско загадување. -Сликата на Акропол, нашиот најголем споменик, ја рефлектира и покажува сликата на земјата. Имавме среќа, нашата цел да биде усвоена од Фондацијата „Оназис“, која љубезно понуди да преземе значајно спонзорирање на низа проекти, рече министерката за култура на Грција Лина Мендони и додаде дека во период на пандемијата, многу е важно „Атина да може на своите жители и посетители, но и насекаде на планетата, да им понуди нова, надградена слика на Акропол“. ср/

Остани поврзан