• сабота, 20 јули 2024

Аеродромот во Тирана располага со двоен систем, авиосообраќајот без проблеми

Аеродромот во Тирана располага со двоен систем,  авиосообраќајот без проблеми

Тирана, 19 јули 2024 (МИА) – Албанското министерство за инфраструктура и енергетика соопшти дека „системот на Меѓународниот аеродром во Тирана не е засегнат од падот на глобалните компјутерски системи, но има доцнење предизвикано од другите аеродроми.
-Ситуацијата создадена утрово поради прекинот на работата на компјутерските системи, на глобално ниво, што влијаеше на услугата на системот за пријавување и резервации на некои меѓународни аеродроми, до попладнево не влијаеше на меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“. Утринските летови тргнаа навреме и без проблеми. Тоа е затоа што Меѓународниот аеродром во Тирана има двоен систем, што овозможува негово функционирање без проблеми, стои во соопштението на министерството.
Се додава дека, сепак, се очекува доцнење во следните часови, да предизвикаат летови кои пристигнуваат од други аеродроми во зависност од различните оперативни системи.
-Барајќи разбирање од граѓаните за оваа создадена состојба, ве молиме континуирано да се информирате преку информативната канцеларија на ТИА за распоредот на летови и нивна евентуална промена, наведуваат од Министерството
Услугите на овој аеродром, наголемо ги користат и македонските и косовските граѓани, кои посебно во овој период заминуваат да одмор во подалечни познати места, но и иселениците кои од САД и европските земји доаѓаат во родните места. вт/
Фото: МИА

Остани поврзан