Аеродромите во Дамаск и Алепо се надвор од функција по израелските напади, соопштија сириски државни медиуми
- „Околу 05:25 часот, израелскиот непријател изврши воздушен напад врз меѓународните аеродроми во Дамаск и Алепо, при што загина еден вработен на аеродромот во Дамаск, а друг е ранет“, изјави сириски воен извор, цитиран од официјалната сириска новинска агенција САНА. Материјалната штета на аеродромските писти ги стави надвор од употреба“, изјави истиот извор.
![Аеродромите во Дамаск и Алепо се надвор од функција по израелските напади, соопштија сириски државни медиуми](https://mia.mk/index.php/images/20231022081453_big_730x400_87.webp )
Дамаск, 22 октомври 2023 (МИА) - Израел утринава изврши ракетни напади врз меѓународните аеродроми во Дамаск и Алепо и ги онеспособи, јавија сириските државни медиуми. Во нападот загинал еден цивилен работник.
„Околу 05:25 часот, израелскиот непријател изврши воздушен напад врз меѓународните аеродроми во Дамаск и Алепо, при што загина еден вработен на аеродромот во Дамаск, а друг е ранет“, изјави сириски воен извор, цитиран од официјалната сириска новинска агенција САНА. Материјалната штета на аеродромските писти ги стави надвор од употреба“, изјави истиот извор.
Редовните летови до и од аеродромите во Дамаск и Алепо се пренасочени кон меѓународниот аеродром во Латакија, соопшти сириското Министерство за транспорт. ссм/