• сабота, 23 ноември 2024

Австрија испраќа дополнителни 120 војници во мисијата на ЕУФОР во БиХ

Австрија испраќа дополнителни 120 војници во мисијата на ЕУФОР во БиХ
Виена, 25 февруари 2022 (МИА) - Австриската војска ќе испрати дополнителни 120 војници во мисијата на ЕУФОР во Босна и Херцеговина, како појачување поради судирот во Украина. Одлуката, според извори од армијата на кои се повикуваат австриски медиуми, е донесена поради стравување дека моменталната ситуација во Украина би можела да има последици и врз регионот на Западен Балкан и зачувувањето на безбедноста и стабилноста. Командантот на мировната операција на ЕУ во БиХ генерал Брис Худe, побара активирање на резервните сили, со што се активирани војниците од резервата на Австрија, Бугарија, Романија и Словачка.

Остани поврзан