• сабота, 23 ноември 2024

Австралија и Велика Британија почнуваат преговори за слободна трговија

Австралија и Велика Британија почнуваат преговори за слободна трговија
Канбера, 17 јуни 2020 (МИА) - Австралија и Велика Британија денеска официјално почнаа преговори за слободна трговија после Брегзит и се надеваат дека ќе ги завршат оваа година, соопшти министерот за трговија во Канбера, Сајмон Бирмингем. Претходно беше објавено дека конзервативната британска Влада денеска ги отвора преговорите за слободна трговија и со Нов Зеланд, а слични договори настојува да склучи и со други земји од целиот свет, додека преговара со Европската унија. Австралискиот министер рече дека, дури и во случај на договор, малку е веројатно дека обемот на трговијата меѓу двете земји ќе се врати на нивоата од 70-тите години, што значи пред Британија да се приклучи на тогашната Европска економска заедница кога британските трговски врски беа концентрирани на нејзините поранешни колонии. јт/

Остани поврзан