• среда, 25 декември 2024

 Шеик ал Сабах реизбран за премиер на Кувајт

 Шеик ал Сабах реизбран за премиер на Кувајт
Кувајт, 8 декември 2020 (МИА) - Кувајтскиот емир шеик Наваф ал Ахмад ал Сабах по расправата во Парламентот повторно го именува шеик Сабах ал Калид ал Сабах за премиер на Кувајт. Шеик ал Сабах беше министер за надворешни работи од 2011 до 2019 година, кога беше именуван за премиер на Кувајт. Кувајт, која е членка на ОПЕК, во моментот се соочува со најлошата економска криза во последните неколку децении поради ниската цена на нафатата и поради пандемијата со Ковид-19. Во Кувајт емирот ги води државните работи, додека премиерот пред се има арбитрарна улога помеѓу Владата и Парламентот. ми/

Остани поврзан