Конкурс за поетска творба „Спомени за Браќата Миладиновци“ на фондацијата „Миладиновци“
- Конкурсот, како што соопшти Драмското студио „Миладин“, ќе трае до 15 септември годинава, а право на учество имаат сите поети од Македонија и пошироко со една необјавена песна на македонски јазик, посветена на Браќата Миладиновци.
Струга, 5 август 2025 (МИА) - Фондацијата „Миладиновци“ распиша конкурс за поетска творба на тема „Спомени за Браќата Миладиновци“.
Конкурсот, како што соопшти Драмското студио „Миладин“, ќе трае до 15 септември годинава, а право на учество имаат сите поети од Македонија и пошироко со една необјавена песна на македонски јазик, посветена на Браќата Миладиновци.
Песните, како што е наведено во конкурсот, треба да се напишани со кириличен фонд и да не се подолги од 24 реда, а авторите да испратат и кратка биографија.
- Во чест на големите македонски преродбеници Димитрија и Константин Миладиновци, нивното културно и историско значење, конкурсот има за цел да поттикне создавање поетски дела посветени на нивниот живот, дело и придонес кон македонската преродба и духовна историја, стои во конкурсот.
Песните да се испраќаат на: miladindramskostudio@gmail.com, а ќе бидат разгледани од стручна жири-комисија.
Одбраните песни ќе бидат објавени во посебна тематска збирка насловена „Спомени за Браќата Миладиновци“, чија промоција е најавена за 15 ноември 2025 година.
Фондацијата Миладиновци е основана од потомците на Ристе Миладин и неговите синови Димитрија и Константин. сс/вј/
Фото Плакат