• среда, 25 декември 2024

 За непропуштање пешаци на пешачки премин, изречени 103 санкции

 За непропуштање пешаци на пешачки премин, изречени 103 санкции
Скопје, 4 февруари 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. Санкционирани се 103 возачи, од кои 60 на територија на Скопје. При акциската контрола, информираа денеска од МВР, санкционирани се и 166 друг вид сообраќајни прекршоци. Само на територија на Скопје се изречени и 13 санкции за пешаци кои не поминувале на пешачки премин. Министерството за внатрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли, најавуваат и апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Од МВР апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. цр/дма/

Остани поврзан