МВР Билтен
- На 24.12.2024 во 11.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К., затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - На 24.12.2024 во 11.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К., затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.12.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.В.(40) и Н.А.(28), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.12.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од с.Сарај, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени два ножа и еден боксирач.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (25.12.2024) во 01.10 во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“, пред крстосницата со бул.„Србија“, во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(24) од с.Јурумлери, скопско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ж.К.(44) од с.Трубарево, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 24.12.2024 во 23 часот во СВР Скопје од приватната болница во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Р.Р..
Имено, според пријавеното, околу 22.30 часот на сервисна улица која ги поврзува с.Волково, скопско и автопатот „Мајка Тереза“ Р.Р., откако претходно управувала патничко возило „фиат пиканто“ со скопски регистарски ознаки, застанала и излегла од возилото, по што тоа се придвижило и ја повредило. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 24.12.2024 во 08.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во близина на влез за с.Лисичани патничко возило „тигуан“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.М.С.(38) од Кичево, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.С.(50), а со телесни повреди се здобиле М.М.С. и сопатничката С.Б.(52), констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
На 24.12.2024 во 12.50 часот во Полициската станица Драчево, Т.К.(49) од Скопје пријавила дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 24.12.2024 во 15.40 часот во Полициската станица Центар, Е.Д.(21) пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 24.12.2024 во 21.35 часот на улица ,,Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.С.(29) од Гостивар.
Кај него, по судска наредба, бил извршен претрес, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од три претходно пријавени тешки кражби. Предметите ќе им бидат вратени на сопствениците, а по документирање на случајот, против М.С. ќе следува соодветен поднесок.
На 24.12.2014 во 20 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, на улица ,,Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, во близина на културниот дом, ги привеле Б.К.(23), З.К.(28), И.Р.(48) и Џ.Н.(36) сите од Гостивар, кои на импровизирани тезги продавале пиротехнички средства.
Тие се задржани во полициска станица и од нив биле одземени 1300 парчиња разновидни пиротехнички средства и по документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок по член 69 од Закон за заштита од експлозивни материи.
На 25.12.2024 во 06.05 часот на ул.„Дижонска“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Б.У. (50) од Скопје, кој бил баран со потерница за затворска казна од една година во врска со чл.292 (тешки дела против општата сигурност) од КЗ.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
На 24.12.2024 во 19.50 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Козјак” во Битола го лишиле од слобода О.Ј.(27) од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана.
По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
На 24.12.2024 во 13.15 часот полициски службеници од СВР Битола врз основа на судска наредба, извршиле претрес во с.Облаково,битолско, во дом и помошни простории на Н.М.(53), при што пронајдени и одземени биле 40 парчиња муниција и девет ловни патрони.
Н.М. бил приведен во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 24.12.2024 во 12.28 часот во ПО Новаци Н.М. пријавил дека при извршување на градежни работи во депонија на ЈКП Комуналец во с.Мегленци пронашoл минофрлачка граната од Првата светска војна со кал.75мм.
Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната.
На 24.12.2024 во 09 часот, полициски службеници од ОВР Неготино, по добиена судска наредба, извршиле претрес во домот на 23-годишната М.Н. од Неготино, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
Со М.Н. бил извршен службен разговор и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/