• вторник, 14 април 2026

Џеј Ди Венс ќе ја посети Унгарија во пресрет на претстојните избори

Џеј Ди Венс ќе ја посети Унгарија во пресрет на претстојните избори

Вашингтон, 25 март 2026 (МИА) - Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се очекува на 7 и 8 април да ја посети Унгарија во пресрет на парламентарните избори во земјата, закажани за 12 април.

Посетата на Венс се смета како знак на поддршка за Виктор Орбан за изборите за кои аналитичарите ценат дека ќе бидат најголем предизвик за премиерот Орбан од неговото стапување на власт во 2010 година.

Американскиот државен секретар Марко Рубио беше во Будимпешта минатиот месец.

Како еден од најблиските сојузници на Доналд Трамп во Европа, Орбан подолго време е во спор со Европската Унија по повеќе прашања, вклучително и Украина. Тој одржува блиски односи со Москва, одбива да испраќа оружје во Украина и оценува дека Киев нема да може да стане членка на Унијата.

Трамп минатиот месец му даде поддршка нарекувајќи го „навистина силен и моќен лидер“, а во вторникот повторно ги повика Унгарците да „излезат и да гласаат за Виктор Орбан“. аб/ссм

фото/МИА архива

Остани поврзан