Џекпотот на „Пауербол“ достигна 1,7 милијарди долари
- Лотаријата „Пауербол“ се игра во 45 сојузни држави, главниот град Вашингтон, Порторико и Американските Девствени Острови.
Вашингтон, 24 декември 2025 (МИА) - Џекпотот на американската лотарија „Пауербол“ (Powerball) достигна речиси 1,7 милијарди долари пред утрешното извлекување на Бадник, што го прави едно од најголемите извлекувања во историјата на САД. Тоа е четвртиот најголем џекпот во историјата на лотаријата.
Никој не ја погоди добитната комбинација на вчерашното извлекување, т.е. броевите 3, 18, 36, 41 и 54, како и црвеното топче 7. Сепак, девет добитни лозови низ целата земја освоија по милион долари.
Шансата за освојување на џекпотот е 1 : 292.200.000. Ако некој ја погоди добитната комбинација утре, може да освои 1,7 милијарди долари. Добивката може, по избор - да биде исплаќана во текот на 29 години, или може да се земат 781,3 милиони долари одеднаш - оданочена добивка.
Извлекувањето е закажано за утре вечер по американско време (oкoлу 5:00 часот наутро по македонско време).
Лотаријата „Пауербол“ се игра во 45 сојузни држави, главниот град Вашингтон, Порторико и Американските Девствени Острови. Најголемиот џекпот во историјата на лотаријата - од 2,04 милијарди долари беше извлечен на 7 ноември 2022 година. Добитник беше Едвин Кастро од Калифорнија, кому, откако се согласи да плати даноци на секупната добивка, му останаа нешто помалку од милијарда долари. си/сд/
Фото: МИА архива