• недела, 11 јануари 2026

ЈСП најавува можно редуцирање на дел од линиите поради ниските температури и најавите за снег

ЈСП најавува можно редуцирање на дел од линиите поради ниските температури и најавите за снег

Скопје, 10 јануари 2026 (МИА) - Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје попладнево, преку својот фејсбук профил, информира дека поради ниските минусни температури и најавените временски услови со врнежи од снег во главниот град и околината, во наредниот период е можно привремено прилагодување на сообраќањето на одредени автобуски линии.

-Имајќи предвид дека ефектот на средствата за одржување на патиштата е ограничен при екстремно ниски температури, на одделни делници може да се појават отежнати услови за сообраќај. Од тие причини, дел од линиите ќе сообраќаат до локации кои во моментот се проценети како безбедни и проодни за возилата на ЈСП Скопје, согласно проценките на надлежните служби. Напоменуваме дека безбедноста на патниците и вработените е приоритет, па доколку условите не дозволуваат сигурно одвивање на сообраќајот, ќе се преземаат соодветни мерки и јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени. Во услови на стабилно време, јавниот превоз ќе се одвива согласно редуцираниот делничен зимен возен ред, кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст, наведува ЈСП на својот фејсбук профил.

Екипите на ЈСП Скопје, заедно со надлежните служби на Градот Скопје и локалните самоуправи, континуирано се ангажирани на терен со соодветна механизација, со цел навремено реагирање и создавање услови за безбедно и непречено функционирање на јавниот превоз. мч/

фото: МИА

Остани поврзан