ЈП „Чистота и зеленило“ доби две возила за изнесување на смет
- Комуналното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово доби две специјализирани возила за изнесување на смет, информираа денеска од претпријатието. Средствата за набавка на возилата се обезбедени преку Бирото за рамномерен регионален развој и Министерството за локална самоуправа преку имплементаторот Центарот за развој на североисточниот плански регион. Возилата ќе се користат за изнесување на смет од потесни улички.
Kуманово 13 ноември 2025 ( МИА) - Комуналното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово доби две специјализирани возила за изнесување на смет, информираа денеска од претпријатието. Средствата за набавка на возилата се обезбедени преку Бирото за рамномерен регионален развој и Министерството за локална самоуправа преку имплементаторот Центарот за развој на североисточниот плански регион. Возилата ќе се користат за изнесување на смет од потесни улички.
-Презадоволни сме од набавката на овие возила кои дополнително ќе ги подобрат условите за изнесување и депонирање на смет. Многу е важно за граѓаните кои живеат во потесни улички да добијат навремена и квалитетена услуга, изјави директорот на претпријатието, Ненад Стојановски.
Претпријатието располага со дваесетина возила од кои дел се во неисправна состојба и често не можат да се поправат. Стојановски очекува општината да вложи во набавка на нови возила, но и преку проекти.
Досегашната претседателката на советот на општината, Ивана Ѓорѓиевска информираше дека набавката на двете возила чини над 1,6 милиони денари.
-Многу е важно да се подобри квалитетот на изнесување на смет во потесни улички. Граѓаните од неколку населби реагираа дека заради непристапноста на теренот им се потребни вакви возила, изјави Ѓорѓиевска.
Во рамки на проектот ќе биде набавено дополнително уште едно специјализирано возило за потребите на претпријатието, а други две општини Ранковце и Старо Нагоричане ќе добијат садови за смет.ам/вј/
Фото: МИА