• петок, 05 декември 2025

ЈП „Комуналец“-Битола со европски проект до современ пристап кон управување со отпад

ЈП „Комуналец“-Битола со европски проект до современ пристап кон управување со отпад

Битола, 14 ноември 2025 (МИА) - Битолското јавно претпријатие „Комуналец“ почнува двегодишна реализација на проектот RU READY, прекугранична промоција на циркуларната економија и одржливото управување со отпад.

Во рамки на проектот, JП „Комуналец“ ќе го воспостави Центарот за повторна употреба, кој ќе им овозможи на граѓаните да можат да донираат материјали и производи наместо да ги фрлаат и да завршат на депонија, а од друга страна бесплатно да подигнат и користат материјали и производи кои би им биле потребни.

-Со овој проект Битола станува првиот град во земјата што воведува современ пристап кон управување со отпад. Проектот директно ги таргетира домаќинствата и граѓаните кои ќе усвојат нови навики за рециклирање и повторна употреба во нивниот секојдневен живот, посочија по заедничката средба градоначалникот Тони Коњановски и директорот на ЈП „Комуналец“, Горан Степановски.

Проектот се реализира во рамки на Интеррег ИПА програма „Грција – Македонија 2021-2027“ и е кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на двете земји со вкупен буџет од 851.754 евра. мт/мд/

Фото: Општина Битола

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан