ЈКП Бошава: Небезбедна водата за пиење во Демир Капија и Чифлик
- Небезбедна е водата за пиење во Демир Капија и Чифлик, известија претпладнево од демиркапиското јавно комунално претпријатие ,,Бошава".
Демир Капија, 9 декември 2025 (МИА) - Небезбедна е водата за пиење во Демир Капија и Чифлик, известија претпладнево од демиркапиското јавно комунално претпријатие ,,Бошава".
- По добиените анализи, поради зголемен број на анаеробни бактерии во водоводната мрежа во населените места Демир Капија и село Чифлик, водата не е безбедна за пиење. Се препорачува водата да не се користи за пиење и подготовка на храна до наредно известување, соопштија од претпријатието, преку објава на нивниот Фејсбук профил.
Притоа информираа дека надлежните служби преземале мерки за санација на проблемот. Се заблагодарија за разбирањето на состојбата и најавија дополнително известување за понатамошниот развој на настаните. свд/
Фото: МИА архива