• сабота, 22 февруари 2025

„Јафа Црвенка“ повлекува од продажба одредени количини „Рум касато“

„Јафа Црвенка“ повлекува од продажба одредени количини „Рум касато“

Скопје, 22 февруари 2025 (МИА) - Фабриката за бисквити „Јафа Црвенка“ повлекува одредени количини од производот „Рум касато“ од 120 грама со следниве рокови на траење: 10.7.2025, 14.7.2025, 23.7.2025, 24.7.2025, 25.7.2025 и 26.7.2025. Причина за повлекувањето, како што соопшти, е можно присуство на тврди шеќерни парчиња.

Сите останати рокови на траење, според „Јафа Црвенка“, се со стандардно висок квалитет.

-Ги повикуваме купувачите и потрошувачите кои имаат купено производи со наведениот рок на траење да се обратат кај своите Jaffa продавачи, преку е-пошта на jaffa@jaffa.rs или на телефонскиот број 0800/200-010 за замена на производот, наведува „Јафа Црвенка“. мч/сст/

фото: МИА архива


 

Остани поврзан