Јанчев: Сообраќај по една коловозна лента, ќе се гради нов мост на Луда Мара кај Марена
- Сообраќајот по постоечкиот мост на реката Луда Мара кај кавадаречкото село Марена се одвива по една коловозна лента, поради што е воведен редуциран режим на сообраќај. Ова е привремено, редо започнувањето на изградбата на новиот мост. За ова денеска информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Кавадарци, 5 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот по постоечкиот мост на реката Луда Мара кај кавадаречкото село Марена се одвива по една коловозна лента, поради што е воведен редуциран режим на сообраќај. Ова е привремено, до започнувањето на изградбата на новиот мост. За ова денеска информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Тој потсети дека овде ќе се гради нов мост.

- Проектот за мостот преку реката Луда Мара е воведен во работа, со финансиска поддршка од Министерството за транспорт во износ од 12 милиони денари. Новиот мост ќе располага со две коловозни ленти, тротоар од двете страни, вкупна ширина од 8,5 метри, соопшти градоначалникот.
Јанчев подвлече дека со овој проект се подобрува безбедноста и се унапредува патната инфраструктура во овој дел од општината. свд/ац/
Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев