• недела, 11 јануари 2026

Јавен повик за доставување предлози за манифестацијата „Спортски асови 2025“

Јавен повик за доставување предлози за манифестацијата „Спортски асови 2025“

Виница, 8 јануари 2026 (МИА) - Општина Виница ја продолжува традицијата на чествување на спортските успеси, организирајќи ја манифестацијата „Спортски асови 2025“ – настан кој веќе неколку години претставува симбол на признание, вреднување и афирмација на спортот и спортските достигнувања во општината, најавува локалната самоуправа.

Врз основа на Програмата за култура и спорт  за 2026 година, Општина Виница објавува Јавен повик за предлагање кандидати за избор на најдобар спортист за 2025 година, најдобар млад надежен спортист, најдобра спортска екипа, најдобар спортски тренер и најдобар спортски работник.

Право на учество во изборот имаат сите спортисти, спортски екипи и спортски работници од спортски клубови регистрирани на подрачјето на Општина Виница. Секој предложен кандидат е должен да достави копија од важечка клупска легитимација.

-При пријавувањето потребно е да се приложат податоци за постигнатите спортски резултати, како и копии од добиените признанија за пласмани на турнири, државни и меѓународни натпревари. Рокот за поднесување на пријавите е до 02 февруари 2026 година. Документацијата се доставува до Одделението за јавни дејности, преку едношалтерската канцеларија во Општина Виница, се наведува во соопштението од локалната самоуправа.ис/ар
Фото:Општина Виница

Остани поврзан