Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста
- Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски вечерва присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста.
Скопје, 20 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски вечерва присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста.

-Вечерва имав чест да присуствувам на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста. Ханука нè потсетува на значењето на слободата, верската толеранција и почитувањето на различностите и вредностите врз кои го градиме заедничкото општество. Им честитам на припадниците на еврејската заедница и посакувам празникот да донесе мир, здравје и светлина во секој дом, објави на социјални мрежи Ѓорѓиевски.

Настанот, како што информираат од Град Скопје, беше можност уште еднаш да се потврдат вредностите на слободата, верската толеранција и меѓусебното почитување, како темели на едно инклузивно и заедничко општество. аа/
Фото: Град Скопје