• петок, 21 февруари 2025

Ѓорѓиевски: „Генералката во Кисела Вода” продолжува-денес се чисти трим патеката

Ѓорѓиевски: „Генералката во Кисела Вода” продолжува-денес се чисти трим патеката

Скопје, 13 февруари 2025

 

Генералното чистење на територијата на општина Кисела Вода продолжува со силна динамика. Откако минатата недела започнаа интензивни активности за чистење на улиците, тротоарите и јавните површини, досега се опфатени повеќе населби и населени места, а до крајот на акцијата ќе бидат опфатени сите 15 месни и урбани заедници во општината. Денеска се чисти во 11 Октомври бараки и на трим патеката, која претставува важен простор за рекреација и е омилено место на граѓаните кои редовно ја користат за спорт и прошетки.

Ангажираните екипи темелно ги чистат улиците, тротоарите и јавните површини, користејќи ги и новите метларки, кои неодамна беа набавени како одговор на барањата на граѓаните за почиста животна средина. Освен рачно и машинско метење, се перат и плочниците во парковите, се кастрат суви гранки и се отстранува насобраниот комунален отпад. За жал, екипите мора да интервенираат и на несоодветно оставениот шут и кабаст отпад, кој не смеел да заврши на јавните површини.

-Хигиената во урбаните средини е основа за квалитетен живот. Грижата за чиста и здрава околина е заедничка одговорност, а ние како локална самоуправа правиме сè што е во наша моќ за да одржуваме чиста општина. Денес се работи на трим патеката, како едно од најфреквентните места за рекреација, и на која вложуваме посебно внимание на хигиената бидејќи голем број на граѓани  ја користат секојдневно. Покрај оваа акција за генерално чистење, сакам да најавам дека од овој викенд започнуваме и нова акција за подигнување на кабаст отпад, која за првпат ќе се спроведува на тримесечно ниво. Деталите за оваа акција ќе бидат објавени утре-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 Општина Кисела Вода

Фото: Општина Кисела Вода

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан