• сабота, 06 декември 2025

Штипски „Стипион“ подготвен за одржување на улиците во зимски услови

Штипски „Стипион“ подготвен за одржување на улиците во зимски услови

Штип, 5 декември 2025 (МИА) - Завршени се подготовките за зимско одржување на улици и патишта во Штип, информираше директорот на ЈП „Стипион“ Панче Стефановски.

Тој истакна дека изминатиот период се одржани сите состаноци на кои се носеа одлуки за делување во зимски услови.

-Јавното претпријатие е подготвено за зимската сезона. Ги направивме сите потребни состаноци, внатрешна координација, утврдивме дежурни служби, ги одредивме приоритетите. Како приоритети се сите пристапи кон Клиничка болница Штип, сите булевари и влезови во градот, а потоа и улиците. Нашата механизација е во добра состојба, редовно е одржувана, подготвена за интервенции. Набавивме доволно сол и песок, изјави Стефановски.

Тој рече и дека дополнително, ако има потреба ќе биде ангажирана и механизација од приватен оператор, со кој претпијатието има склучено договор.

-Исто така, ЈП „Стипион“ има договор со приватен оператор за дополнителна механизација, секако ако има потреба од тоа. Се надеваме дека ќе имаме блага зима и дека нема да имаме многу работа во тој дел, вели Стефановски. вдј/мд/

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан